• КОНКУРС ЗА НАЈДОБРИ НОВИНАРСКИ СТОРИИ

    КОНКУРС ЗА НАЈДОБРИ НОВИНАРСКИ СТОРИИ

    Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објавува конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани. Повеќе
  • Соопштение до медиумите - 09.08.2017

    Соопштение до медиумите - 09.08.2017

    Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на својата вчерашна седница го констатира известувањето од Драган Антоновски за оставка и ослободување од функциите претседател и член на Управниот одбор на Советот. Повеќе
  • Соопштение до медиумите - 26.07.2017

    Соопштение до медиумите - 26.07.2017

    Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот случај по информациите дека на струмичката телевизија Канал Вис не и’ било дозволено да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново село од страна на градоначалникот и советник во општината и на упатените навреди и недолични зборови кон екипата на овој медиум. Повеќе
  • Барања за итни медиумски реформи

    Барања за итни медиумски реформи

    Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи во кое се нагласени приоритетните прашања за кои се неопходни итни законски измени и практични мерки што треба да ги спроведат надлежните институции. Повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудува вчерашниот физички напад на новинарската екипа на порталот А1 Он и со загриженост оценува дека инцидентот ги потврдува тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Ова не е изолиран инцидент, а трендот на насилство и попречување на работата на новинарите и медиумските работници продолжува да биде сериозен проблем. Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, апелираме за итна реакција на полицијата и Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и расчистување на инцидентите. Неказнивоста на нападите врз медиумите е недозволива, а безбедноста на новинарите мора да биде подобрена и ослободена од какви било закани и притисоци.

Државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да создаде и одржува поволна средина за слобода на изразување. Потсетуваме дека ваквата одговорност произлегува и од препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа околу заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери. Во исто време, потсетуваме и на минатогодишниот извештај на Фридом Хаус, според кој медиумите во Македонија се предмет на политички притисок и вознемирување, што резултира со самоцензура, а државата се оценува како неслободна во однос на статусот на слобода на медиумите.

Од друга страна, Советот за етика во медиумите забележува дека во изминативе неколку денови се’ почести се случаите на злоупотреба на улогата на медиумите и нивно искористување како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството. Ги повикуваме новинарите и уредниците на нивната значајна и одговорна улога, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, и примена на улогата на смирувачи на тензиите, посебно во случаите кога се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата. Не е новинарски да се пренесуваат шпекулации и да се развиваат и градат дебати врз основа на лаги и пропагандизам. Медиумите не смеат да бидат злоупотребени за повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството. Недостигот на медиумска слобода не смее да се искористува како аргумент за погрешно однесување и пласирање невистини кои му создаваат трајна штета на новинарството и повреда на интересот на јавноста.

Советот за етика досега има добиено околу 200 жалби за непрофесионално известување на медиумите. Потсетуваме дека и понатаму ќе го набљудуваме начинот на информирање на медиумите, како на оние кои се дел од СЕММ, така и на тие кои се’ уште не се негови членки, и ќе повикуваме на доследно почитување на Кодексот на новинарите, како предуслов за припадност кон ова наше, заедничко, професионално тело за саморегулација во медиумите.

Совет за етика во медиумите на Македонија

СЕММ

Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со Статутот на организацијата и со општите принципи на мисијата и визијата на СЕММ. Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со Статутот на организацијата и со општите принципи на мисијата и визијата на СЕММ.

Повеќе

Пребарување

  • Вести
  • Соопштенија
5
Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи
logce
Советот за етика во медиумите има благородна улога постојано да ги потсетува медиумите и новинарите за професионалната етика.
logce
Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на својата вчерашна седница го констатира известувањето од Драган Антоновски за оставка и ослободување од функциите претседател и член на Управниот одбор на Советот.
logce
Советот за етика во медиумите на Македонија го осудува случајот во кој на телевизијата Канал Вис не и’ било дозволено да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново село од страна на градоначалникот и советник во општината.
Конкурс

Конкурс за најдобри новинарски стории

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објавува конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани. Јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 мај 2016 година до 31 мај 2017 година.
Повеќе
Правилник за работа на комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија

Членови на комисија

  • Мирче Адамчевски +

    Претседател на комисијата
    adamcevski@semm.mk
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7

Фото галерија