Редовно годишно Собрание на СЕММ

Советот за етика во медиумите (СЕММ) на 30ти март (четврток), организира редовно годишно Собрание, со почеток во 10:30, во хотел Гранд Плаза, Скопје.

Дебата на СЕММ

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 02.02.2017 (четврток), во Public Room, со почеток во 12:00, организира дебата на тема „Советот за етика во медиумите и Комисијата за жалби – досегашни искуства и планови', наменета за претставници на граѓански здруженија кои дејствуваат во доменот на заштита и промовирање на човековите права.

На следниов линк е дневниот ред за настанот.

Повеќе...

СЕММ апелираше до раководството во медиумите за поддршка на саморегулацијата

 

„Ова е можност да дискутираме за досегашните искуства на Советот за етика во медиумите со раководството во медиумите, но и да се запознаеме со искуствата на другите совети“, рече Марина Тунева, извршен директор на СЕММ на почетокот од работната средба што се одржа на 17 октомври, во Скопје.

Повеќе...

„Предизвици за советите за етика во медиумите во Балканскиот регион“

Советот за етика во медиумите на Македонија успешно ја реализираше регионалната конференција „Предизвици за советите за етика во медиумите на Балканскиот регион“, во Скопје на 18 и 19 мај, на која учествуваа претставници на саморегулаторните тела од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Србија и Црна Гора. Настанот беше организиран во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија.

Повеќе...

Советот за етика во медиумите на Македонија започнува со проект поддржан од ЕУ и УНЕСКО

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) доби поддршка од Европската унија и УНЕСКО за учество во проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција“.

Повеќе...

СЕММ повика на поддршка на саморегулацијата во медиумите и почитување на стандардите на професионално известување

На прес-конференцијата што се одржа на 10 март, во ЕУ инфо центарот, во Скопје, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ги потсети медиумите на големата улога и обврски за професионално информирање и придонес во подобрување на состојбите во медиумската сфера.

Повеќе...

Потпишување на Повелбата на СЕММ за етичко известување за изборите

Голем број медиуми на церемонија што се одржа во ЕУ инфо центарот, на 12 февруари ја потпишаа Повелбата за етичко известување за изборите. Повелбата ја подготви Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), а нејзината содржина се заснова на најважните и универзални принципи на професијата, содржани во документи и публикации на Меѓународната федерација на новинарите, Иницијативата за етичко новинарство, Фондацијата Ројтерс, Репортери без граници, Член 19, итн.

Повеќе...

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија