Реакција за нападот на новинарот на телевизија 24

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот физички напад врз новинарот на телевизија 24, Христијан Баневски.

Трендот на насилство и попречување на работата на новинарите и медиумските работници продолжува да биде сериозен проблем. Со тоа се потврдуваат тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Државата е одговорна за преземање на сите активни мерки за создавање и одржување поволна средина за слободата на изразување, а таквата обврска е и во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права. Комитетот на министри на Советот на Европа, исто така, препорачува да се заштити новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери.

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија