Кодекс

на новинарите на Македонија
ПРИНЦИПИ НА ОДНЕСУВАЊЕ:
 
Слободата на медиумите е неприкосновено право.
 
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.
 
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
 
Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.
 
Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

Кодекс на Меѓународната федерација на новинарите
Декларацијата за принципите на однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинарите (усвоена на Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари -. ИФЈ во 1954 година и изменета на Светскиот конгрес во 1986 година). Оваа меѓународна декларација се определува како стандард за професионално однесување на новинарите кои се ангажирани во собирање, пренесување, ширење и коментирање на вести и информации во опишувањето на настаните.

Посветеноста  на  Македонската  радио-телевизија  (МРТ)  кон обезбедување  непристрасно  и  правично  известување,  како  и генерално кон придржување до етичките и до професионалните стандарди, е под лупа на јавноста особено во време на избори.Посветеноста  на  Македонската  радио-телевизија  (МРТ)  кон обезбедување  непристрасно  и  правично  известување,  како  и генерално кон придржување до етичките и до професионалните стандарди, е под лупа на јавноста особено во време на избори.