Соопштенија

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ги отфрла шпекулациите што во текот на вчерашниот и денешниот ден се појавија во некои медиуми околу причините за разрешување на Лидија Богатинова како член на Комисијата за жалби при Советот.

Богатинова е разрешена од страна на Управниот одбор на СЕММ поради неактивност во работењето на Комисијата и неучество на нејзините седници. Тоа е во спротивност со член 2 од Деловникот за работа на Комисијата за жалби при СЕММ, според кој членот на Комисијата може да биде разрешен од должноста ако неоправдано не присуствувал на три седници. 

Во тек е постапка за избор на нов член на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите.

Скопје, 08.04.2015г.