Правила за членство

Правила за прием на Интернет портали за членство во СЕММ

  1. Да имаат наведено импресум (уредник, редакција), основач и контакт- податоци
  2. Да се согласат/потпишат дека ќе ја поддржат саморегулацијата/ќе го почитуваат Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување и Статутот на СЕММ
  3. На својата страница да постават банер со кој се обврзуваат дека ќе ги почитуваат принципите на Кодексот (и саморегулацијата)
  4. Објавените текстови да се потпишани од автор
  5. Да се портали кои редовно објавуваат информативни содржини од јавен интерес
  6. Да имаат наведено ценовници за рекламирање
  7. Да имаат регистрирано мк – domain
  8. Да ги објавуваат одлуките на СЕММ и да се вклучуваат во процесот на медијација
  9. При преземање содржини од други медиуми, да го наведат изворот