Статут на Здружение Совет за етика во медиумите на Македонија ЕТИКА ПРЕС Скопје

Врз основа на член 18 и член 104 од Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на РМ бр. 52/10 од 16.04.2010 година) Собранието на Советот за етика во  медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на ден 30.03.2017 година, го усвои и го донесе својот Статут со кој се уредува дејноста, организационата поставеност и функционирањето на организацијата.

 

Статут

на Советот за етика во медиумите на Македонија – ЕТИКА ПРЕС Скопје

ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

Советот за етика во медиумите на Македонија (во натамошниот текст Совет) своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, врз основа на Кодексот на новинарите на Македонија, како и врз основа на сите меѓународни документи ратификувани од страна на Република Македонија кои се однесуваат на слободата на медиумите, слободата на говорот и  правата на човекот.

Советот е саморегулаторно тело со мисија и цели да се унапредат и заштитат професионалните стандарди и етиката во медиумите во Република Македонија.

 

Член 2

Овој Статут е во согласност со Член 18 став 1 од Законот за здруженија и фондации и ги уредува:

-      името и седиштето,

-      целите на Советот,

-      дејностите со кои се остваруваат целите,

-      начинот на одлучување за зачленување, исклучување и престанок на членувањето во Советот,

-      правата, обврските и одговорностите на членовите,

-      видот на органите и нивниот состав, начинот на избор и разрешување, траење на мандатот на членовите во органите и начинот на одлучување,

-      застапувањето по закон,

-      начинот на стекнување и располагање со средствата,

-      начинот на донесување финансиски и други извештаи,

-      начинот на остварување на јавност и отчетност во работата,

-      начинот на донесување, изменување и дополнување на Статутот,

-      начинот на одлучување за статусни промени и престанок на Советот,

-      начинот на донесување на планови и програми и постапувањето со средствата и/или имотот во случај на престанок на Советот,

-      знакот и симболот на Советот,

-      начинот на донесување на други акти,

-      судирот на интереси,

-      начинот на разрешување на спорни и други прашања од значење за работата и остварувањето на целите на Советот.

 

 

Член 3

Советот е невладина, неполитичка и непрофитна организација  која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со овој Статут.

Советот  својата работа ја заснова врз принципите на јавност и транспарентност и слободно ги промовира своите ставови и мислења, поведува иницијативи и учествува во градење и надградување, заштита и унапредување на професионалните стандарди и на етиката во медиумите во Република Македонија.

Советот е орган за саморегулација на медиумите преку примена на морални санкции кон оние кои не ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите.

Советот  има својство на правно лице.

Седиштето на Советот е на адреса: Теодосиј Гологанов 54/2, 1000 Скопје.

Полното име на советот е: Совет за етика во медиумите на Македонијa.

Кратенката од името на советот е: СЕММ.

Името на Советот на англиски јазик е: Council of Media Ethics of Macedonia.

Советот може да го промени седиштето и името по предлог на Управниот одбор.

Одлука за промена на седиштето носи Управниот одбор на Советот.

Одлука за промена името носи Собранието на Советот.

 

ЦЕЛИ И ДЕЈНОСТИ НА СОВЕТОТ

ЦЕЛИ

Член 4

Советот е тело за саморегулација кое што врши одреден степен на регулација на медиумите преку:

-          Заштита на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана,

-          Спречување на влијанието на државата, политичките партии и другите центри на моќ врз медиумите,

-          Штитење на интересите на јавноста преку обезбедување независен ефикасен и правичен процес на решавање на поплаки за медиумските содржини,

-          Промовирање на квалитет во медиумските содржини, усвојувајќи јасни и практични упатства за работењето на уредниците и новинарите,

-          Подигнување на свеста на јавноста за професионалните и етички стандарди кои треба да ги почитуваат медиумите,

-          Создавање амбиент за самокритичност, самосвесност и отчетност на медиумите кон публиката,

-          Олеснување на пристапот на публиката до медиумите,

-          Континуиран развој на етичкиот кодекс на новинарите и

-          Намалување на сите форми на цензура и самоцензура во новинарството.

 

ДЕЈНОСТИ

Член 5

 

Остварувањето на целите утврдени во членот 4 Советот го врши преку следниве дејности и активности: ја унапредува и штити новинарската професија преку унапредување и заштита на етичките стандарди во медиумите, преку зајакнување на саморегулацијата во медиумите во Република Македонија.

-          Следење на примената на професионалните стандарди и етичките норми во новинарското известување во Република Македонија;

-          Обезбедување стручна и советодавна помош за членовите на Советот, на пошироката и стручната јавност;

-          Организирање семинари, работилници, конференции, дебати, со цел да се  унапредат професионалните стандарди и да се промовира работата на Советот;

-          Покренување иницијативи пред надлежните органи со цел создавање услови за непречено  работење на саморегулаторното тело за медиуми во Република Македонија;

-          Покренување иницијативи за вклученост на јавноста во случаи на сериозни прекршувања на етичкото и професионалното работење на медиумите;

-          Размена на искуства и информации со сродни здруженија и други невладини организации во земјата и во странство,

-          издавање книги, брошури, билтени и други публикации, и создавање и редовно ажурирање на веб-страница заради остварување на целите на Советот.

 

Член 6

 

За постигнување на своите цели и задачи, Советот  дејствува врз основа на Уставот и законите на Република Македонија, врз основа на Кодексот на новинарите на Македонија, врз основа на принципите на Меѓународната федерација на новинари, како и врз основа на сите меѓународни документи ратификувани од страна на Република Македонија кои се однесуваат на слободата на медиумите, слободата на говорот и  правата на човекот.

 

ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ

Член 7

 

Член на Советот може да биде секое правно лице регистрирано на територијата на Република Македонија кај надлежните органи, кое извршува дејност од областа на новинарството и медиумската индустрија.

Член на Советот се станува со потпишување и прифаќање на Статутот.

Членови на Советот  се медиуми и здруженија кои се занимаваат со заштита и унапредување на работата на медиумите.

Член може да биде секој медиум што создава сопствени содржини од информативен карактер во согласност со професионалните стандарди и етички норми.

За прием на нов член одлучува Управниот одбор, кој го разгледува барањето за пристапување и утврдува дека кандидатот го прифаќа овој Статут и програмата на Советот.

Членовите плаќаат годишна членарина, чиј износ се утврдува на Собранието.

Советот за своите членови води регистар кој се ажурира најмалку еднаш годишно.

 

Член 8

 

Членовите на Советот ги имаат следниве права и одговорности согласно одредбите на овој Статут:

-      да се придржуваат до одредбите на овој Статут,

-      морално и на други начини да го чуваат угледот на Советот,

-      да избираат и да бидат избрани во органите на Советот,

-      активно да учествуваат во остварувањето на целите и задачите на Советот согласно со овој Статут,

-      да ја разгледуваат и оценуваат работата на Советот,

-      да бидат навремено информирани за работата на Советот,

-      да присуствуваат на сите собири кои ги организира Советот,

-      да даваат предлози, да поставуваат прашања и да бараат одговори,

-      да остваруваат други права и поволности во согласност со одлуките и другите акти на Советот,

-      да бараат помош и поддршка од Советот при решавање на професионалните и другите прашања,

- да ги почитуваат и објавуваат одлуките на Комисијата за жалби, особено кога жалбата се однесува на нивниот медиум.

Членовите на Советот се рамноправни во остварувањето на своите права и должности.

 

Член 9

 

Членството во Советот престанува:

-          со доброволно истапување од Советот врз основа на писмено известување доставено до Претседателот на Советот,

-          со необјавување на одлуките на Комисијата за жалби три пати во една година, кога жалбата се однесува на медиум - членка и доколку бил претходно опоменат. Во ваков случај, за повторно аплицирање за членство во СЕММ треба да помине една година од датумот на исклучување, 

-          со исклучување од Советот поради кршење на Статутот и одлуките на органите на Советот или поради нарушување на угледот на Советот,

-          поради неплаќање членарина подолго од шест месеци,

-          поради престанок на работата на правното лице,

-          поради престанок на работа на Советот.

Одлука за престанување на својство на член на Советот носи Собранието по предлог на Управниот одбор. Членот на Советот писмено се известува за исклучување од Советот, со наведување на причините поради кои е исклучен.

Лицето кое не е задоволно со одлуката на Советот може да поднесе жалба до Собранието на Советот во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката. Собранието на Советот ја разгледува жалбата на првата наредна седница и по истата носи конечна одлука.

 

Член 10

 

По жалба на член на Советот кој е исклучен, Собранието на Советот може да донесе правилник кој ќе биде во согласност со Законот и овој Статут, а со кој поблиску се уредува начинот и постапката за пристапување во членство и престанокот на членството.

 

ОРГАНИ НА СОВЕТОТ

Член 11

 

Органи на Советот се:

-      Собрание,

-      Управен одбор,

-      Надзорен одбор,

-      Извршен директор.

Органите на Советот се должни:

-      во рамките на своите права и должности работите да ги извршуваат совесно и во согласност со овој Статут и другите акти на Советот,

-      да ја развиваат и унапредуваат работата на Советот и за тоа да ги известуваат членството и јавноста,

-      да обезбедуваат непречено учество на членовите во управувањето и нивно активно учество во остварувањето на целите и дејноста на Советот.

 

СОБРАНИЕ

Член 12

 

Собранието е највисоко тело на Советот и го сочинуваат сите негови членови.

Собранието избира Претседател и заменик на претседателот на Собранието од редовите на членовите пред почетокот на собранието.

Собранието на Советот го свикува и води Претседателот на СЕММ, а во негово отсуство тоа го прави заменикот, најдоцна 15 дена пред неговото одржување. Претседателот на Собранието е должен да свика седница на Собранието кога тоа го бараат најмалку една третина од вкупниот број членови. Собранието на Советот може да биде свикано и на барање на две третини од членовите на Управниот одбор на Советот.

 

Член 13

 

Собранието на Советот работи и одлучува на јавни седници врз основа на овој Статут и другите акти на Советот ако на нив присуствуваат мнозинството од сите членови на Собранието. Собранието одлуките ги донесува со просто мнозинство гласови од вкупниот број членови, освен ако со овој Статут не е поинаку определено

Изјаснувањето на седниците на Советот е јавно.

 

Член 14

 

Членовите на Собранието  не можат да гласаат по прашањата во кои страните имаат конфликт на интереси, доколку на нив се однесуваат прашањата.

 

Член 15

 

Надлежности на Собранието:

-го усвојува Статутот, програмата за работа, Деловникот и други акти;

- усвојува годишен извештај за работата и финансиски извештај,

- избира претседател и потпретседател на Собранието,

- ги избира и ги разрешува членовите и замениците на Управниот одбор,

- ги избира и ги разрешува членовите и замениците на Надзорниот одбор,

- врши и други работи во согласност со Статутот.

 

Член 16

 

Собранието одржува најмалку една седница годишно, а по потреба се свикуваат и вонредни седници.

Собранието работи во согласност со овој Статут и Деловникот за работа на Собранието, кој поблиску ги определува условите, начините, потребното мнозинство и постапките за свикување, работење и носење одлуки на Собранието и изборот на лица, органи и тела во негова надлежност.

 

Член 17

 

Собранието се свикува со јавен повик и со писмена покана до членовите од претседателот на Управниот одбор.

Потребниот кворум за работа на Собранието е просто мнозинство од бројот на членовите на Собранието.

Собранието одлучува по пат на јавно гласање, освен за изборот на членовите на Управниот одбор.

 

УПРА­ВЕН ОД­БОР НА СОВЕТОТ

Член 18

 

Управ­ни­от од­бор  е из­вр­шен ор­ган на Советот,  кој го ор­га­ни­зи­ра и го усог­ла­су­ва ра­бо­те­ње­то на Советот по­ме­ѓу две сед­ни­ци на Со­бра­ни­е­то. Управниот одбор ја спроведува про­гра­ма­та на Советот, фи­нан­си­ски­от план и од­лу­ки­те на Со­бра­ни­е­то.

 

Член 19

 

Управ­ни­от од­бор има седум члена и седум заменик - членови. Членовите на Управниот одбор и замениците ги избира Со­бра­ни­е­то на здружението за пер­и­од од четири го­ди­ни, со мож­ност за ре­из­бор. Четворица од членовите на Управниот одбор се бираат од претставниците на сопствениците на медиумите, а тројца од новинарите што ги предлага ЗНМ.

Управ­ни­от одбор од своите редови би­ра пре­тсе­да­тел и еден за­ме­ник на Претседателот.

 

Член 20

 

Управ­ни­от од­бор  се со­ста­ну­ва по по­тре­ба, а нај­мал­ку четири пати во го­ди­на­та. Седниците на Управниот одбор ги сви­ку­ва пре­тсе­да­те­лот или, во не­го­во отсус­тво Потпретседателот, нај­доцна седум де­на пред одр­жу­ва­ње­то на сед­ни­ца­та. На седницата присуствуваат членовите, но во случај кога некој од нив е спречен учествува неговиот заменик.

 

Член 21

 

Управ­ни­от од­бор ги има следниве  над­леж­но­сти:

-    Ги под­го­то­вува  сед­ни­ците на Со­бра­ни­е­то;

-    Го под­го­твува  на­црт-ста­ту­тот  и дру­ги­те акти кои ги до­не­су­ва Со­бра­ни­е­то;

-    Ја спро­ве­ду­ва по­ли­ти­ката, зак­лу­чо­ците и  од­лу­ките на Со­бра­ни­е­то;

-    Од­лу­чу­ва за ко­ри­сте­ње­то на средс­твата на Советот во сог­лас­ност со фи­нан­си­ски­от план;

-    Утвр­ду­ва по­лу­го­диш­ни и го­диш­ни прес­ме­тки за из­вр­шу­ва­ње на го­диш­ни­от план на актив­но­сти­те;

-    Под­не­су­ва на усво­ју­ва­ње до Со­бра­ни­е­то пер­и­о­дич­ни или го­диш­ни из­ве­штаи за сво­ја­та ра­бо­та;

-    Именува и разрешува членови на Комисијата за жалби;

-    До­не­су­ва од­лу­ки за на­гра­ди и приз­на­ни­ја;

-    Од­лу­чу­ва за на­ба­вка­та, про­даж­ба­та и от­пи­шу­ва­ње­то на вред­но­сти на ос­нов­ни­те средс­тва;

-    Разг­ле­ду­ва и од­лу­чу­ва за пред­ло­зи и из­ве­штаи кои ги под­не­су­ва Из­врш­ни­от ди­ре­ктор;

-    Вр­ши и дру­ги ра­бо­ти кои ќе му би­дат до­ве­ре­ни од Со­бра­ни­е­то во согласност со За­ко­нот и со овој Ста­тут и

-    Избира извршен директор со јавен оглас.

 

Член 22

 

Управ­ни­от од­бор мо­же пра­во­сил­но да до­не­су­ва и да усвојува од­лу­ки со при­сус­тво­ на  мно­зинс­тво­то од вкупниот број члено­ви.

Од­лу­ки­те на Управ­ни­от од­бор се до­не­су­ва­ат со мнозинство гласови од вкуп­ни­от број члено­ви.

Из­јас­ну­ва­ње­то на сед­ни­ците на УО е јав­но.

 

Член 23

 

Член на Управниот одбор  мо­же да би­де раз­ре­шен од долж­но­ста пред исте­кот на ман­да­тот:

-    на лич­но ба­ра­ње,

-    ако не­о­прав­да­но не присуствува на три последователни сед­ни­ци,

-    ако со сво­е­то од­не­су­ва­ње го на­ру­ши уг­ле­дот на Советот,

-    во дру­ги слу­чаи пред­ви­де­ни со За­кон или овој Ста­тут и дру­ги акти на Советот.

За пре­ста­но­кот на членс­тво рас­пра­ва и од­лу­чу­ва УО на Советот, а од­лу­ка­та ја по­твр­ду­ва Со­бра­ни­е­то на Советот

 

Член 24

 

Пре­тсе­да­те­лот и заменикот на Управниот одбор исто­вре­ме­но се пре­тсе­да­тел и за­ме­ник на Советот.

 

Член 25

 

Пре­тсе­да­те­лот на Управниот одбор ги има следниве  надлежности:

-    ги сви­ку­ва сед­ни­ците на Управниот одбор  са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но или на ба­ра­ње на нај­мал­ку ед­на тре­ти­на од неговите члено­ви,

-    ра­ко­во­ди со ра­бо­та­та на Управниот одбор и на Советот,

-    се гри­жи за спро­ве­ду­ва­ње­то на про­грам­ска­та ра­бо­та, од­лу­ките, зак­лу­чо­ците и на­со­ките на Со­бра­ни­е­то,

-    се грижи за из­вр­шу­ва­ње на пла­нот на при­хо­ди и рас­хо­ди на Советот,

-    ги пот­пи­шу­ва актите кои ги до­не­су­ва Управниот одбор,

-    са­мо­стој­но или заедно со члено­вите на Управниот одбор ос­тва­ру­ва не­по­сред­ни кон­та­кти со си­те суб­је­кти кои мо­жат да да­дат ма­те­ри­јал­на и дру­га по­мош на Советот,

-    под­го­тву­ва ана­ли­зи, ин­фор­ма­ции и дру­ги ма­те­ри­ја­ли за Со­бра­ни­е­то,

-    вр­ши и дру­ги ра­бо­ти кои ќе му ги до­ве­рат Со­бра­ни­е­то и Управниот одбор.

 

НАДЗОРЕН ОДБОР НА СОВЕТОТ

Член 26

 

-    Надзорниот одбор има пет члена и пет заменик - членови. Членовите на Надзорниот одбор ги избира Со­бра­ни­е­то на здружението за пер­и­од од четири го­ди­ни, со мож­ност за ре­из­бор. Тројца од членовите на Надзорниот одбор се избираат од претставниците на сопствениците на медиумите, а двајца од новинарите што ги предлага ЗНМ.

-    Членовите на НО од својот состав избираат Претседател на НО и еден заменик. Мандатот на членовите на НО е четири години, со можност за реизбор.   Во случај на предвремен престанок на членството во Надзорниот одбор на некој член, новиот член на Надзорниот одбор, кој ќе го замени, ќе го доврши неговиот мандат.

Надзорниот одбор на СЕММ:

-    Врши контрола врз примената на Статутот и врз другите општи акти на СЕММ;

-    Врши контрола врз материјално-финансиското работење на СЕММ;

-    Врши контрола врз наменското располагање со средствата и приходите на СЕММ;

-    Најмалку еднаш годишно до Собранието на СЕММ поднесува Извештај за своите наоди и одлуки;

-    Ако оцени дека е потребно, согласно со Статутот на СЕММ, може да предложи свикување вонредна седница на УО на СЕММ.

-    На седницата присуствуваат членовите но во случај кога некој од нив е спречен учествува неговиот заменик.

 

ИЗ­ВР­ШЕН ДИ­РЕ­КТОР НА СОВЕТОТ

Член 27

 

Советот има Из­вр­шен ди­ре­ктор кој го избира Управниот одбор, со ман­да­т од че­ти­ри го­ди­ни и со мож­ност за ре­из­бор. Из­врш­ни­от ди­рек­тор е од­го­во­рен пред Управниот одбор и пред Со­бра­ни­е­то.

Извршниот директор е одговорен за финансиско – материјалното работење на Советот и поднесува извештај до Управниот одбор.  

 

Член 28

 

Из­врш­ни­от ди­ре­ктор ги има следниве надлежности и об­вр­ски:

-    од­го­вор­но и во сог­лас­ност со За­ко­нот да ги спро­ве­ду­ва ра­бо­тите на Советот,

-    да учес­тву­ва во ра­бо­та­та на си­те ор­га­ни на Советот,

-    да пред­ла­га до Управниот одбор стра­те­ги­ски план и план на актив­но­сти за те­ков­на­та го­ди­на,

-    да презе­ма мер­ки и актив­но­сти за спро­ве­ду­ва­ње на усво­е­ни­от го­ди­шен план, од­лу­ки­те и дру­ги акти до­не­се­ни од Со­бра­ни­е­то и од Управниот одбор,

-    да поднесува периодични и годишни извештаи за работа и финансиски извештај до Собранието, преку Управниот одбор

-    по ов­ла­сту­ва­ње на пре­тсе­да­те­лот на Управниот одбор, да го за­ста­пу­ва и да го пре­ста­ву­ва Советот во јав­но­ста,

-    да од­го­ва­ра за ор­га­ни­за­ци­ја­та и во­де­ње­то на ра­бо­ти­те во ад­ми­ни­стра­тив­но-тех­нич­ка­та служ­ба на Советот и во дру­гите од­де­ли, ако по­сто­јат, во сог­лас­ност со Пра­вил­ни­кот на опи­сот на ра­бо­тни­те за­да­чи и актите за си­сте­ма­ти­за­ци­ја­та на ра­бот­ни­те ме­ста,

-    да из­вр­шу­ва и дру­ги ра­бо­ти во сог­лас­ност со За­ко­нот и со овој Ста­тут,

-    да го прет­ста­ву­ва и за­ста­пу­ва Советот во прав­на­та за­шти­та.

Член 29

 

Из­врш­ни­от ди­ре­ктор на Советот мо­же да би­де раз­ре­шен од долж­но­ста пред исте­кот на ман­да­тот од Управниот одбор:

-    на лич­но ба­ра­ње,

-    ако не ги из­вр­шу­ва ра­бо­ти­те и за­да­чи­те наведени во договорот за работа,

-    во дру­ги слу­чаи пред­ви­де­ни со За­ко­нот и со овој Ста­тут.

                           Член 30

 

Од­лу­ка­та за раз­ре­шу­ва­ње­то на Из­врш­ни­от ди­ре­ктор  ја до­не­су­ва Управниот одбор.

 

 КО­МИ­СИ­ЈА ЗА ЖАЛБИ

Член 31

Во Советот дејству­ва со­ве­то­дав­но те­ло, Ко­ми­си­ја за жал­би, ко­ја ја име­ну­ва Управниот одбор со консензус, на ман­да­тен пер­и­од од четири го­ди­ни, со мож­ност за еден ре­из­бор. Ко­ми­си­ја­та за жал­би е со­ста­ве­на од седум члена кои се из­би­ра­ат по следниот прин­цип:

-    двај­ца прет­став­ни­ци на сопствениците на медиумите;

-    двај­ца прет­став­ни­ци на но­ви­на­ри­те предложени од ЗНМ;

-    тројца прет­став­ни­ци од јав­ни­от жи­вот кои се екс­пер­ти од об­ла­ста на медиумите, етиката  во новинарството, медиумското право и други сродни области.

Име­ну­ва­на­та Ко­ми­си­ја за жалби (или поплаки) од своите редови избира пре­тсе­да­те­л и еден за­ме­ник , кои имаат обврска да ги сви­ку­ваат и во­дат сед­ни­ците на Kо­ми­си­јата.

Член 32

Члено­ви­те на Жал­бе­на­та ко­ми­си­ја не мо­жат да би­дат Члено­ви на УО на Советот, по­ли­ти­ча­ри и члено­ви на пар­ти­ски те­ла.

Член 33

Ко­ми­си­јата за жалби ги има следниве об­вр­ски и над­леж­но­сти:

-    разг­ле­ду­ва жал­би­ од граѓани, правни лица, граѓански организации и меѓународни организации, во врска со објавените содржини во печатени, електронски и онлајн медиуми;

-    посредува меѓу лицата кои упатиле жалба и медиумот на чија содржина се однесува жалбата;

-    донесува одлуки по жалбите во врска со евентуални прекршувања на Кодексот; 

-    упатува препораки до уредниците и медиумите за да не дојде до прекршување на Кодексот и на принципите на Меѓународната федерација на новинари;

-    усвојува насоки и упатства врз основа на толкувањето на одредбите од Кодексот;

-    иницира сопствени испитувања на одделни значајни прашања поврзани со одредбите од Кодексот; 

-    разг­ле­ду­ва ре­зул­та­ти од мо­ни­то­рин­г и од истражувања на почитувањето на професионалните стандарди во  ме­ди­у­мските содржини и по сопствена процена да покрене иницијатива за јавна реакција;

                                                             Член 34

Жал­бе­на­та ко­ми­си­ја на Советот мо­же да до­не­су­ва од­лу­ки со мнозинство од вкупниот број члено­ви.

Член 35

Жал­бе­на­та ко­ми­си­ја се со­ста­ну­ва по по­тре­ба, а нај­мал­ку еднаш месечно. На­чинот на ра­бо­та­та на Жал­бе­на­та ко­ми­си­ја се ре­гу­ли­ра со по­се­бен пра­вил­ник за ра­бо­та­та на Ко­ми­си­јата, кој на предлог  на Управниот одбор  го усвојува  Со­бра­ни­е­то.

ИМОТ НА СОВЕТОТ

Член 36

Имо­тот на Советот се состои од па­рич­ни средс­тва, дви­жен и нед­ви­жен имот. Движ­ни­от и не­д­виж­ни­от имот е со­ста­вен од ос­нов­ни средс­тва и ин­вен­тар.

Член 37

Советот се финансира од следниве из­вори:

-    члена­ри­на,

-    до­на­ции и по­да­ро­ци од јав­ни ин­сти­ту­ции, фи­зич­ки и прав­ни ли­ца, ка­ко до­маш­ни та­ка и стран­ски, во го­то­во, со ус­лу­ги и имот од ка­ков би­ло вид,

-    ка­ма­ти, ки­ри­ја, хо­но­ра­ри и слич­ни из­во­ри на па­си­вен при­ход стек­на­ти со ос­тва­ру­ва­ње на це­ли­те и актив­но­сти­те на Советот, ка­ко што е одре­де­но со Ста­ту­тот и

-    дру­ги при­хо­ди во сог­лас­ност со За­ко­нот и со овој Ста­тут.

Ви­си­на­та, на­чи­нот на пла­ќа­ње на члена­ри­на­та, ка­ко и на­чи­нот на ко­ри­сте­ње на средс­твата од члена­ри­на­та, се ре­гу­ли­ра со Од­лу­ка за члена­ри­на­та ко­ја ја до­не­су­ва Со­бра­ни­е­то.

Член 38

Управниот одбор под­не­су­ва на усво­ју­ва­ње го­ди­шен фи­нан­си­ски план и из­ве­штај до Со­бра­ни­е­то. До­кол­ку од ко­ја би­ло при­чи­на Со­бра­ни­е­то не мо­же да се со­ста­не, при­вре­ме­ни­от фи­нан­си­ски план и из­ве­штај го усво­ју­ва Управниот одбор. Во согласност со фи­нан­си­ски­от план и со про­гра­мата за ра­бо­та, средс­тва­та на Советот  мо­жат да се ко­ри­стат са­мо за ос­тва­ру­ва­ње на це­ли­те на Советот.

Член 39

Во сог­лас­ност со овој Ста­тут и Законот, Управниот одбор е над­ле­жен за ос­тва­ру­ва­ње, ко­ри­сте­ње  и упо­тре­ба на средс­тва­та на Советот. Од­лу­ки­те за при­хо­ди­те, рас­хо­ди­те, по­кри­ва­ње­то на за­гу­ба­та и от­пи­сот на не­нап­ла­те­ни­те по­ба­ру­ва­ња ги до­не­су­ва Управниот одбор, во сог­лас­ност со фи­нан­си­ски­от план и про­гра­мата на Советот.

Ос­тва­ру­ва­њето, ко­ри­сте­њето и рас­по­ла­га­њето со средс­тва­та на Советот се утвр­ду­ва со фи­нан­си­ски­от план, кој на предлог на Управниот одбор го усвојува Собрани­е­то.

Член 40

На ли­ца­та на из­бра­ни­те функ­ции на Советот и оста­на­ти­те ли­ца мо­же да им се одре­ди па­ри­чен на­до­ме­сток за по­кри­ва­ње на тро­шо­ците кои ги има­ат со вр­ше­ње на до­ве­ре­ни­те ра­бо­ти и за­да­чи.

Од­лу­ка­та за на­до­ме­сток од прет­ход­ни­от став ја до­не­су­ва УО на Советот.

Член 41

Ма­те­ри­јал­но-фи­нан­си­ско­то ра­бо­те­ње на Советот се во­ди во согласност со општо­при­фа­те­ни­те сме­тко­водс­тве­ни прин­ци­пи, со об­вр­ска за со­ста­ву­ва­ње по­лу­го­дишен и го­ди­шен фи­нан­си­ски из­ве­штај, во сог­лас­ност со ва­жеч­ки­те за­кон­ски про­пи­си.

Член 42

Управниот одбор мо­же да до­не­се пра­вил­ни­ци и акти со кои поб­ли­ску се утвр­ду­ва на­чи­нот на со­би­ра­ње и рас­по­ре­ду­ва­ње на средс­тва­та.

 

ПРИ­СО­Е­ДИ­НУ­ВА­ЊЕ, РАЗД­ВО­ЈУ­ВА­ЊЕ, ТРАНС­ФОР­МИ­РА­ЊЕ И ПРЕ­СТА­НОК НА РА­БО­ТА­ТА НА СОВЕТОТ

Член 43

Советот мо­же да се при­со­е­ди­ни, разд­вои или транс­фор­ми­ра са­мо во дру­го здру­же­ние. Од­лу­ка­та од прет­ход­ни­от ­став ја до­не­су­ва Со­бра­ни­е­то со дво­тре­тин­ско мно­зинс­тво гла­со­ви на си­те члено­ви. Со оваа од­лу­ка се ре­гу­ли­ра име­то и се­ди­ште­то на Советот, т.е. по­дел­ба­та на имо­тот, пра­ва­та и об­вр­ски­те, ка­ко и дру­ги ста­тус­ни пра­ша­ња.

Член 44

Советот мо­же да пре­ста­не со ра­бо­та до­бро­вол­но или по си­ла на За­ко­нот. Од­лу­ка за до­бро­вол­но пре­ста­ну­ва­ње на ра­бо­та­та на Со­бра­ни­е­то на Советот се до­не­су­ва со дво­тре­тин­ско мно­зинс­тво гла­со­ви од си­те члено­ви.

Со­бра­ни­е­то исто­вре­ме­но до­не­су­ва план за ли­кви­да­ци­ја на Советот, со кој се утвр­ду­ва рас­пре­дел­ба­та на имо­тот,  пра­ва­та и об­вр­ски­те на Советот, во сог­лас­ност со За­ко­нот и со овој Ста­тут,  со тоа што прет­ход­но мо­ра­ат да се под­ми­рат за­кон­ски­те и до­го­во­ре­ни­те об­вр­ски. Врз ос­но­ва на од­лу­ки­те на Со­бра­ни­е­то, пре­о­ста­на­ти­от имот, по под­ми­ру­ва­ње­то на об­вр­ски­те од прет­ход­ни­от став ќе се до­де­ли на дру­го здру­же­ние кое вр­ши исто или слич­но ста­ту­тар­но дејс­твие.

Член 45

 

Ини­ци­ја­ти­ва за пре­ста­нок на ра­бо­та­та на Советот мо­же да да­дат ед­на тре­ти­на од си­те члено­ви на здру­же­ни­е­то, во слу­чај ако:

-    ако бро­јот на члено­ви­те на Советот се на­ма­ли под за­кон­ски про­пи­ша­ни­от ми­ни­мум за ос­но­ва­ње на здру­же­ние;

-    ако Советот две го­ди­ни по ред не спро­ве­ду­ва актив­но­сти, а фи­нан­си­ска­та со­стој­ба е на ну­ла;

-    и во дру­ги слу­чаи утвр­де­ни со За­ко­нот.

Ини­ци­ја­ти­ва­та за пре­ста­нок на ра­бо­та­та на Советот се под­не­су­ва до пре­тсе­да­те­лот на Советот кој го под­го­тву­ва ма­те­ри­ја­лот за Со­бра­ни­е­то.

Член 46

Советот пре­ста­ну­ва со ра­бо­та по си­ла на За­ко­нот и согласно со одред­би­те на Член 51 и Член 52 од За­ко­нот за Здруженија и фондации.

Советот е об­вр­за­н се­ко­ја ста­тус­на про­ме­на да ја при­ја­ви во над­леж­но­то ми­ни­стерс­тво во за­кон­ски утвр­де­ни­от рок.

ЈАВ­НА РА­БО­ТА

Член 47

Ра­бо­та­та на си­те ор­га­ни на Советот е јав­на, а се ос­тва­ру­ва со не­по­сред­но ин­фор­ми­ра­ње и преку медиумите.

Член 48

За ста­во­ви­те, зак­лу­чо­ци­те и служ­бе­ни­те од­лу­ки на Советот, јав­но­ста ре­дов­но ќе се ин­фор­ми­ра по пат на со­оп­ште­нија за јав­но­ста и веб-стра­ни­ца­та, а члено­ви­те на Советот по пат на бил­те­ни, те­ле­фо­н, и-мејл адре­си или пис­мо пра­те­но на лич­на адре­са на членовите.

Се­кој член на Советот има пра­во ус­но или пис­ме­но да по­ста­ви пра­ша­ње во вр­ска со кој би­ло зак­лу­чок, до­не­се­на од­лу­ка или сег­мент од ра­бо­та на Советот, т.е на не­го­во­то пра­ша­ње ќе до­бие од­го­вор во нај­кра­ток рок.

За јав­но­то ра­бо­те­ње на Советот од­го­вор­ен е Извршниот директор на Советот.

СТА­ТУ­ТАР­НИ И ДРУ­ГИ ПРА­ША­ЊА НА СОВЕТОТ

Член 49

Из­ме­ни­те и до­пол­ну­ва­ња­та на Ста­ту­тот на Советот ги усво­ју­ва Со­бра­ни­е­то на Советот со просто мно­зинс­тво гла­со­ви од вкуп­ни­от број на члено­ви.

Ини­ци­ја­ти­ва за из­ме­ни и до­пол­ну­ва­ња на Ста­ту­тот мо­же да под­не­сат две тре­ти­ни од вкуп­ни­от број на члено­ви­. Ини­ци­ја­ти­ва­та се упа­ту­ва до Управниот одбор, кој под­го­тву­ва пред­лог за из­ме­ни и до­пол­ну­ва­ње на Ста­ту­тот. Ко­неч­ните из­ме­ни и до­пол­ну­ва­ња на Ста­ту­тот ги усво­ју­ва Со­бра­ни­е­то.

Член 50

Советот мо­же освен Ста­ту­тот да има и дру­ги оп­шти акти. Ор­га­ни­те на Советот до­не­су­ва­ат оп­шти акти на Советот: пра­вил­ни­ци и од­лу­ки, кои мо­ра­ат да би­дат во сог­лас­ност со За­ко­нот и со овој Ста­тут.

 

Пе­чат и за­шти­тен знак на Советот

Член 51

Советот има пе­чат во фор­ма на круг, со ди­ја­ме­тар од 4 см., со по­лу­круж­но на­пи­шан текст.

Член 52

Упо­тре­ба­та, чу­ва­ње­то и уни­шту­ва­ње­то на пе­ча­тот на Советот се ре­гу­ли­ра со по­себ­на ин­струк­ци­ја на Управниот одбор за чие спро­ве­ду­ва­ње се гри­жи Из­врш­ни­от ди­ре­ктор на Советот.

Член 53

Здру­же­ни­е­то има свој за­шти­тен знак, односно лого кое одразува еднаквост, рамнотежа, правда и слобода.

 

НА­ЧИН НА ЗА­СТА­ПУ­ВА­ЊЕ И ПРЕТ­СТА­ВУ­ВА­ЊЕ НА СОВЕТОТ

Член 54

Во прав­ни­от про­мет Советот го прет­ста­ву­ва­ат и за­ста­пу­ва­ат Из­врш­ни­от ди­ре­ктор и пре­тсе­да­те­лот на Управниот одбор, во рам­ки­те на сво­и­те ов­ла­сту­ва­ња утвр­де­ни со овој Ста­тут и со За­кон.

Член 55

Во по­стап­ки­те во кои Советот учес­тву­ва ка­ко стран­ка за ос­тва­ру­ва­ње на сво­и­те пра­ва, долж­но­сти и од­го­вор­но­сти пред над­леж­ни­те ор­га­ни, Претседателот на УО може да да­де пис­ме­но пол­но­мош­но за за­ста­пу­ва­ње на ад­во­кат или на дру­го струч­но ли­це.

ЗА­ВРШ­НИ ОДРЕД­БИ

Член 56

Овој Ста­тут ста­пу­ва во си­ла на де­нот на усвојувањето, а ќе се при­ме­ну­ва од де­нот на упи­сот на Советот во Ре­ги­сте­рот на здру­же­нија во над­леж­но­то ми­ни­стерс­тво.

Член 57

Образ­ло­жение на овој Ста­тут да­ва Со­бра­ни­е­то на Здру­же­ни­е­то

ПРЕСТАНОК НА РАБОТА НА СОВЕТОТ

Член 58

Советот ќе престане да постои, ако е:

-    Донесена одлука за престанок на постоење во согласност со Статутот;

-    Поминато е двојно повеќе време од времето предвидено за одржување на седница на највисокиот орган, утврден со Статутот, а таа не е одржана;

-    Во две последователни години не е поднесена завршна пресметка во согласност со Законот;

-    Статусна измена која предвидува престанок на постоењето на Здружението;

-    Со одлука на надлежен суд;

-    Стечај;

-    Спроведена ликвидација согласно одредбите од член 68-71 од Законот за здруженија и фондации и

-    Ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање на Советот.

Член 59

По законскиот престанок на работа на Советот, имотот и средствата што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на легитимен правен наследник, кој дополнително ќе биде определен.

Во спротивно, имотот и средствата се пренесуваат на Општина Центар или Градот Скопје.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 60

Статутот на Советот го усвојува Собранието со просто мнозинство од вкупниот број на членови на Советот, а го потпишува претседателот на Советот.

Овој Статут стапува во сила на денот на донесувањето.

Постојните тела, органи и овластени лица на Советот, од денот на стапувањето во сила на овој Статут до денот на одржувањето на новото изборно собрание, ги задржуваат своите називи и продолжуваат да ги вршат своите овластувања и обврски како техничко и преодно решение, во обем и на начин неопходен за тековно функционирање на Советот, но без преземање непредвидени материјални обврски, како и без склучување обврзувачки и товарни акти со и кон трети лица и особено без донесување интерни акти и одлуки, со што ќе се попречи, одложи или ќе се  оневозможи одржувањето на изборното собрание.

Сите акти што се во спротивност со кажаното во став 1 на овој Член ќе се сметаат за ништовни и нема да произведуваат правно дејство.

Член 61

Веднаш по донесувањето на овој Статут, ќе се пристапи кон гласање и усвојување на правилници за постапка за кандидирање и спроведување избор на органите и телата на Советот предвидени со Статутот. Кандидирањето и изборот на органите и телата на првото следно изборно собрание ќе се спроведе во постапка според овој Статут и правилниците.

Член 62

Во постапка утврдена со овој Статут и Правилникот за кандидирање и избор на органите и телата на Советот, на првото следно изборно собрание најпрвин ќе се изберат нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор, претседател на Управниот одбор односно на Советот, а новоизбраниот Управен одбор, во рок во кој ќе го задолжи Собранието, ќе распише конкурс за избор на Извршен директор на Советот.

Член 63

Сите прашања значајни за организацијата, дејствувањето и работата на Советот кои не се регулирани со Статутот, се регулираат со посебни одлуки и правилници.

Согласно овој Статут, приоритетни правилници кои ја прецизираат работата на Советот, а кои се во надлежност на Собранието се:

- Правилник за членство и членарини;

- Правилник за избор и работа на Управниот одбор;

- Правилник за избор и работа на Надзорниот одбор;

- Правилник за работа на Собранието;

- Правилник за избор и работа на претседателот на Управниот одбор односно на Советот;

- Правилник за избор и работа на (Жалбената комисија) Комисијата за поплаки;

Согласно овој Статут следните правилници кои ја прецизираат работата на Советот, а за чие донесување е овластен Управниот одбор се:

- Правилник за основање и работа на секции, работни групи и други тела;

- Правилниците од став 2 на овој Член Управниот одбор е должен да ги изготви и донесе во рок од 30 дена по неговото конституирање.

Член 64

Претседателот на Советот ќе објави јавен повик за свикување изборно собрание на СЕММ во согласност со одредбите од овој Статут, најдоцна во рок од 60 дена од денот на усвојување на Статутот.

            Со одредбата од став 1 на овој Член, се смета дека е донесена одлука за свикување изборно собрание, па доколку од кои било причини Претседателот на СЕММ не објави јавен повик, тогаш работната група за подготвување на овој Статут има делегирано право да го објави јавниот повик, со што ќе се смета дека свикувањето и јавниот повик се легитимно реализирани.

Член 65

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка, како и за неговото донесување.

Автентично толкување на одредбите на овој Статут дава Собранието на Советот на седница на Собранието.

Помеѓу две собранија, толкување на одредбите од Статутот дава Управниот одбор на Советот.

Член 66

  1. Програмата и дејствувањето на Советот не можат да бидат насочени кон:

- Насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија;

      - Поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост;

      - Преземање активности поврзани со тероризам или активности кои се спротивни на Уставот или Законот и се повредуваат слободите и правата на други лица.

2.  Здружението е правно лице.

Советот одговара за своите обврски со целиот свој имот и средства.

Членовите на органите на Советот одговараат лично и неограничено за нивните обврски кон Советот, за злоупотреба на средствата на Советот, за постигнување цели што за нив како поединци се забранети или за злоупотреба на Советот како правно лице за да им нанесат штета на своите доверители.

Членовите на органите на Советот и нивните застапници по закон се одговорни солидарно за штетата на Советот предизвикана од нивната работа, ако таа е предизвикана од грубо невнимание или со намера да се предизвика штета, освен во случаите кога во одлучувањето го издвоиле своето мислење на записник или ако не учествувале во одлучувањето.

Барањето за надомест на штета го поднесува Собранието.

3. Финансиските средства на Советот се употребуваат за остварување за целите на Советот определени со Статутот и Програмата за работа.

Членовите на органите на Советот и нивните застапници по Закон се должни да управуваат и работат со внимание и во согласност со начелата на добро управување, во интерес на Советот, а над личните интереси, односно во интерес на остварување на целите, во согласност со Законот и со Статутот.

Средствата на Советот не може да се исплаќаат на членовите, основачите, членовите на органите, застапниците, вработените или со нив поврзани лица, освен во случај кога член на Советот е корисник на услугите на Советот во согласност со целите определени со Статутот и Програмата на Советот.

Работата во органите на Советот е доброволно, а членовите на Советот може да примаат надоместок за патни и дневни трошоци, како и за вршење на работи во органите во Советот во согласност со Законот.

Вработените имаат право на плата и надоместоци, кои ќе бидат исплаќани во согласност со Законот, Колективен договор и Правилник за исплата на плати и надоместоци на вработените.

Користењето и располагањето со средствата на Советот се врши на начин утврден со овој Статут, Правилник и според останатите законски норми.

Советот донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Советот.

Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 36 од Статутот, како и расходите за планираните активности, за заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работата на Советот и други расходи сврзани со работата.