Управен одбор

   
 

 

Анита Димитријевска

dimitrijevska@semm.mk
  Анита Димитријевска е дипломиран новинар од Факултетот за правни и политички науки и студии по новинарство – “Јустинијан Први” - Скопје. Во моментот е на магистерски студии на истиот факултет. Како уредник, новинар од 2002 – до 2009 работела во енигматскиот забавник “Бла Бла”. Во 2009 и 2010 година, работела како новинар - репортер во дневните весници “Време” и “Шпиц”. ОД 2010 година е вработена во Македонска радио телевизија како новинар/репортер во внатрешно-политичка редакција.
   
 

Елида Зилбеари

zilbeari@semm.mk

 

Елида Зилбеари поседува диплома по комуникациски науки. Во моментот е на магистерски студии по дипломатија на Универзитетот Југоисточна Европа во Скопје. Работи во Фондацијата Метаморфозис како координатор на проекти поврзани со слобода на говорот и со зајакнување на медиумите во Македонија. Од февруари 2012 година, таа е главен и одговорен уредник на информативниот портал www.portalb.mk. Исто така, почнувајќи од октомври 2012 година, таа е главен и одговорен уредник на албанската верзија на проектот Сервис за проверка на фактите од медиумите http://factchecking.mk/.

   

Исуф Кадриу

kadriu@semm.mk

  Исуф Кадриу дипломира новинарство во Тирана, Р. Албанија во 1996 година,  каде и ја започна својата новинарска кариера во информативната  програма на националната радио телевизија. Од 1998 година е вработен во  Македонска Радио Телевизија, програма на албански јазик, како репортер, а потоа и уредник. Од 2008  година работи во телевизија Алсат-М,  како уредник на информативната  програма. Од 2001 година работи и како постојан дописник за Радио  Слободна Европа од Скопје.
   
 

Шкелзен Акифи

akifi@semm.mk
  Шкелзен Акифи е вработен во Алсат-М од 2006 година, а во моментот работи како уредник. Тој е дипломиран новинар на Факултетот за комуникациски науки и технологии, на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово. Претходно има работено како новинар во локалната телевизија ‘Феста‘ – Куманово, како и како дописник на весниците ‘Факти‘,‘ Епока  е Ре‘  и  ‘Бота Сот‘ во Косово. Учесник на голем број семинари и конференции во областа на новинарството. Во периодот од август 2007 година до мај 2008 година има учествувано во PDY програмата во Колумбија Мисури, САД.
   
 

Катерина Синадиновска

sinadinovska@semm.mk

   
   
 

Серјожа Неделкоски

nedelkoski@semm.mk

   
   
 

Драган Антоновски

Претседател на УО

antonovski@semm.mk

   
   
 

Горан Момироски

momiroski@semm.mk
 

Горан Момироски е новинар од 1994 година во МСБ радио Охрид, ТВ М Охрид (прва локална ТВ во Македонија), Супер Радио Охрид, известувач на новинската агенција „Макфакс“, „Утрински Весник“ и „Нова Македонија“од Охрид. Од 2003 година e дописник на ТВ Телма. Основач е и главен и одговорен уредник на Интернет  - порталот “www.ohridnews.com”(прв информативен Интернет - портал во Македонија - 2006 година), добитник на Св.Климентовата повелба во 2008 година, како и на Наградата за развој на демократско општество во Македонија за 2009 година на МИМ, USAID и Институтот за трајни заедници. Момировски е продукциски менаџер и координатор на повеќе културно – забавни проекти. Претседател е на Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија за Охрид и Струга.

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија