„Говорот на омраза не е нешто ново, но борбата со него не сопира. Изминатите години направени се голем број истражувања и анализи во однос на говорот на омраза и во нив јасно се констатирани состојбите. Се укажува на слабостите на системот, на правозаштитните органи и институции“, истакна Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ на дебатата посветена на говорот на омраза и дискриминаторните практики во медиумското известување.

Претставници на професионалните медиумски и новинарски организации во државата, студенти по комуникации, претставници на граѓанскиот сектор и новинари учествуваа на дебатата што се реализира на 27 август 2020 година.