Правила за членство

Правила за прием на Интернет портали за членство во СЕММ

Облигаторни критериуми:

  1. Да имаат наведено веродостоен импресум (уредник, редакција), контакт- податоци и адреса
  2. Да гo почитуваат Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ
  3. Членките да се онлајн медиуми кои редовно објавуваат информативни содржини од јавен интерес
  4. Да имаат регистрирано правно лице во Република Северна Македонија и транспарентно да ја декларираат сопственоста
  5. Членките да имаат транспарентно финансирање, во согласност со законот
  6. Да ги објавуваат одлуките на СЕММ и да се вклучуваат во процесот на медијација
  7. На својата страница да постават банер со кој се обврзуваат дека ќе ги почитуваат принципите на Кодексот (и саморегулацијата)
  8. Објавените текстови да се потпишани од автор, а доколку се преземени од други медиуми тоа да биде наведено, во согласност со Законот за заштита на авторски права

Дополнителни препораки:

  1. Членките да имаат објавено ценовници за рекламирање или линк до објавен ценовник во маркетинг агенција
  2. Членките потребно е да имаат МК домеин
  3. Платената комерцијална содржина потребно е да е видливо означена
  4. Пожелно е професионалните редакции да имаат најмалку еден уредник и најмалку двајца вработени и просторни и технички услови за професионално извршување на работата

Медиумот се исклучува од членство по три одлуки на Комисијата за жалби во рок од три месеци во коишто е утврдено прекршување на Кодексот на новинари, при што Управниот одбор на СЕММ го зема предвид однесувањето на медиумот во текот на процесот, учеството во медијација и поправката на стореното прекршување.