Ние, новинарите, уредниците и раководството на медиумите, почитувајќи го правото на јавноста да биде објективно, вистинито и навремено информирана и имајќи целосна одговорност и свесност за улогата на медиумите околу претстојните локални избори во државата, ја прифаќаме оваа Повелба и сме согласни дека во работата на нашите медиуми ќе се почитуваат следниве принципи:
Примена на Кодексот на новинарите во онлајн сферата
Кодексот на новинарите се однесува на сите новинари и се применува врз сите медиуми. Сепак, заради подобра и поефикасна примена на овој Кодекс во онлајн сферата, неопходно е да се дадат соодветни толкувања и насоки за новинарите кои работат во онлајн медиумите. Под онлајн медиуми, во овие Насоки, се подразбираат сите електронски публикации кои имаат посебни веб страници и кои редовно објавуваат новинарски уредени актуелно-информативни содржини наменети за општата јавност.
Кодекс на Меѓународната федерација на новинарите
Декларацијата за принципите на однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинарите (усвоена на Светскиот конгрес на Меѓународната федерација на новинари -. ИФЈ во 1954 година и изменета на Светскиот конгрес во 1986 година). Оваа меѓународна декларација се определува како стандард за професионално однесување на новинарите кои се ангажирани во собирање, пренесување, ширење и коментирање на вести и информации во опишувањето на настаните.
Посветеноста на Македонската радио-телевизија (МРТ) кон обезбедување непристрасно и правично известување, како и генерално кон придржување до етичките и до професионалните стандарди, е под лупа на јавноста особено во време на избори.Посветеноста на Македонската радио-телевизија (МРТ) кон обезбедување непристрасно и правично известување, како и генерално кон придржување до етичките и до професионалните стандарди, е под лупа на јавноста особено во време на избори.