Во последните две децении поимот „говор на омраза“ стана доминантен концепт за означување на разни форми на дискриминаторски изрази, вклучително изрази кои поттикнуваат на насилство кон припадници на одредени групи дефинирани по расна, верска, етничка или друга основа, изрази што пропагираат идеи за идентитетска (расна, верска, етничка,итн.) супериорност на едни групи врз други, изрази што вклучуваат груби навреди, понижување, или каков било друг израз (вербален, текстуален,визуелен, итн.) на злоупотреба насочена кон поединци или групи дефинирани по одредена идентитетска основа.
ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕЃУНАРОДНА И НАЦИОНАЛНА ПРАВНА РАМКА, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА МЕДИУМИТЕ
УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“ на авторката Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.
Целта на Насоките е се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите. „Во текот на пандемијата, за жал, бевме сведоци на тоа како различноста сè повеќе се користи како основа за виктимизација, ширење лажни обвинувања, теории на заговор и говор на омраза кон немнозинските заедници. Оттука, медиумите мора да имаат многу поактивна улога во поттикнувањето разбирање и прифаќање на различноста меѓу луѓето. Инклузивното известување може да ги спречи овие деструктивни појави“, вели во интервју за УНЕСКО Марина Тунева. Анализите, додава Тунева, покажуваат дека недоволната застапеност и стереотипното претставување на немнозинските групи во општеството не е само карактерично за Македонија или регионот, туку и за Европа и пошироко.
„Mеѓусекторката соработка на Советот за етика во медиумите со сите важни чинители за адресирање на проблемот со говорот на омраза и дискриминацијата е од клучно значење во неговото искоренување“, истакна извршната директорка на СЕММ Марина Тунева на дебатата „Поврзување меѓу саморегулаторното тело, регулаторот за радиодифузни медиуми и Народниот правобранител во заштитата на човековите права и реакцијата на говорот на омраза во медиумите“ што се одржа на 30 ноември, 2020 година.
Заштитата на етичките принципи на известувањето низ работата на Комисијата за жалби и поплаки