Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) е етаблирана организација, чија важност е препознаена во медиумската сфера и има голема прифатеност од различни чинители во областа. Унапредувањето на самоодржливоста и ефикасно функционирање се клучните цели кои СЕММ, по осум години, постоење се стреми да ги оствари за да овозможи натамошен развој на саморегулацијата. За постигнувањето на овие цели потребна е реорганизација на работењето на саморегулаторното тело, којашто треба да ја зацврсти положбата на СЕММ на долг рок.