Публикации

Guidelines for safe and professional reporting on coronavirus COVID 19 Page 01Советите за етика во медиумите, во својата организациска структура вообичаено вклучуваат претставници на клучните засегнати страни – новинарите, уредниците, сопствениците на медиумите и претставниците на јавноста. Секој совет за етика, во принцип, воспоставува свои правила и процедури на дејствување.
 
Сепак, праксата во глобални рамки потврдува дека извесни модели се покажале како пофункционални и оттука може да послужат како примери за разгледување при приспособувањето на структурата на веќе постоечките совети или при формирањето нови.

Во поединечни случаи при поставувањето на принципите на функционирање, неопходно e да се земат предвид и законодавството во оваа сфера (доколку го има), културата, традицијата во областа на медиумите, степенот на слобода во медиумите итн. Во повеќето држави, советите за етика се воспоставуваат и нивните членови се избираат меѓу главните засегнати страни, независно од конкретното законодавство.

Предмет на оваа анализа е начинот на којшто се застапени овие клучни актери во  управните органи на советите за етика, а особено системот на дистрибуција на гласовите и моќта на одлучување во највисокиот орган - Собранието. Препораките од оваа анализа би можеле да послужат во процесот на можно приспособување на моделот на организација на работата на Собранието на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).