Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕЕМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името.
Измените на Изборниот законик ги загрозуваат работата и слободата на медиумите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се противат на усвоените измени и дополнувања на Изборниот законик, донесени како резултат на политички договор помеѓу власта и опозицијата.
Соочени со злоупотребата на медиумите кои служат на деструктивни агенди на поединци и групи, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) итно бараат од нив да ги задоволат основните правила за професионална работа, вклучувајќи почитување на Кодексот на новинарите, транспарентност во сопственичката и уредувачка структура, како и прифаќање на саморегулацијата како единствен заштитник на медиумските слободи и независност. Ова вклучува и наведување на авторството, како и на изворите на информации кога се преземаат содржини од други медиуми.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во кој на неколку фоторепортери им бил ограничен пристапот во работата за време на лидерската средба во Клубот на пратеници.
Отворен ден на Советот за етика во медиумите на Македонија – „Саморегулација во медиумите низ соработка и партнерство“
На 31 мај, во Public Room, Скопје
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на неоснованата критика на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски околу ажурноста на Советот во обработката на поднесена претставка од неговиот Кабинет за содржина објавена на Интернет порталот ДоказМ.мк.
Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) категорично ги осудуваат упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани.
Показателите за бројот и видот на поплаките упатени до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во минатите три години години (2014 – 2017) покажуваат дека етичките и професионалните стандарди на новинарството најмногу се прекршуваат од онлајн медиумите (79%), а потоа од телевизиите (12,6%) и од печатените весници и неделниците (8%).
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува однесувањето на претставникот на МНР кој на вчерашната прес - конференција на посредникот Метју Нимиц се обидел да го спречи новинарот на ТВ21, Фуркан Салиу, да постави прашање, како и заканите што следувале подоцна за одземање на неговата акредитација.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на вчерашното измислено интервју со поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски во онлајн медиумот Република (republika.mk), оценувајќи го како обид за дезинформирање и манипулирање со јавноста.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во пресрет на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, цврсто останува на ставот дека е потребно да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска, петок, 29 септември, со почеток во 10:30 часот, во ЕУ инфо центарот, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат соопштени добитниците на наградите за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредување на човековите права и промовирање на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани.
Советот за етика во медиумите на Македонија најостро ги осудува сите облици на физички пресметки во коишто се инволвирани новинари и апелира на воздржаност и смирени реакции на какви било провокации од кој и да е центар на моќ, групации или поединци.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува денешниот инцидент по информациите дека екипа на НОВА ТВ била нападната и попречена да го следи собирањето потписи против наводната изградба на мигрантски кампови во населбата Аеродром од страна на лице кое присустувало на настанот.
Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на својата вчерашна седница го констатира известувањето од Драган Антоновски за оставка и ослободување од функциите претседател и член на Управниот одбор на Советот.Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на својата вчерашна седница го констатира известувањето од Драган Антоновски за оставка и ослободување од функциите претседател и член на Управниот одбор на Советот.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот случај по информациите дека на струмичката телевизија Канал Вис не и’ било дозволено да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново село од страна на градоначалникот и советник во општината и на упатените навреди и недолични зборови кон екипата на овој медиум. Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот случај по информациите дека на струмичката телевизија Канал Вис не и’ било дозволено да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново село од страна на градоначалникот и советник во општината и на упатените навреди и недолични зборови кон екипата на овој медиум.
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ Шења била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува на преземање на неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања.
Советот за етика во медиумите (СЕММ), по вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми, апелира за итна реакција на полицијата и Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и расчистување на инцидентите.