Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска, петок, 29 септември, со почеток во 10:30 часот, во ЕУ инфо центарот, ќе одржи прес-конференција. На настанот ќе бидат соопштени добитниците на наградите за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредување на човековите права и промовирање на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани.
На настанот ќе се обрати и шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, а наградите ќе ги соопшти претседавачот на жирито Бардуљ Заими.